30.9.15

Архивирање и компресирање на податоци

Архивирање и компресирање на податоци


            Архивирањето на податоци е едноставна постапка за чување на податотоците на некои од надворешните мемории. Во случај на оштетување на базата или дискот со податоци може да се продолжи со рабора без губење на податоците. Во случај кога се архивираат базите со податоци на ист компјутер на кој се работи со податоците  пожелно е да се архивираат на друга партиција или според можностите на друга надворешна меморија.
            Пакување од одреден број на датотеки во една компактна целина се нарекува архива. Еден од првите програми за оваа намена е  ZIP (-патент, како што изгледа иконата за zip архива во Windows). Овој назив се вкоренил како синоним за архивирање, па често може да се сретне и како зипување. Освен што пакуваат повеќе датотеки во една, архиверите може да ја компресираат содржината на датотеката така да на пример ако имаме два документи од по 15КВ, зипуваната датотека не мора да содржи 30КВ туку може да биде од на пример 20КВ. На овој начин се врши намалување на обемоот  или компресија на датотеки.
            Компресија на датотеки во информатиката е процес со кој се смалува физичкиот простор кој е потребен за меморирање на податоците со користење на одредени методи за запис на податоците. Со компресијата може значително да се смали просторот кој е потрбен за зачувување на датотеките што понатаму зависи од типот и структурата на датотеката. Најмалку простор се добива кај компресија на звучни и видео датотеки, бидејки тие се од навистина хаотична природа и класичниот метод за компресирање на податоците(компресија без губење на информациите) таму не функционира, т.е се користат методи во кои се толерира одредена количина на губење на изворните податоци.

No comments:

Post a Comment