30.9.15

Датотеки



Датотеки и системи датотеки


            Датотека е логичка целина од податоци запаметена под едно име. За повекето корисници системот од датотеки е највидливиот дел од оперативниот систем. Тој претставува систем за спремање и пристап до податоците и програмите кои припагаат  или на корисниците или на оперативниот систем. Општо системот на датотеки се состои од два дела: датотеки  (files) и директориуми (directory). Во датотеките се складирани информациите, додека структурата на директориумите е да ги организира и да дава информации за датотеките во составот. Освен овие два дела некои системи разликуваат и партиции (partition) кои физички или логички ги разделуваат поголемите системи на директориумите.

¨     Концепт на датотеки


Информациите во компјутерскиот систем може да се зачувуваат на различни места. Единствен логички пристап до информациите на различните надворешни мемории овозможува оперативниот систем. Тој го раздвојува физичкиот запис на информацијата во меморијата од логичкото значење на множеството информации или датотеките. Како што рековме под датотека се подразбира множество поврзани информации зачувана во секундарната меморија. Од корисничко гледиште датотеката е накмалиот логички сегмант на секундарната меморија; информацијата се запишува на секундарната меморија само во облик на датотека. Вообичаено датотеките претставуваат програми во било кој облик ( изворен, извршен) или  пак претставуваат некој податок. Податоците може да бидат нумерички, текстуални, алфанумерички, бинарни. Информациите може да бидат запошани во слободен облик или да бидат строго форматирани. Општо, датотеката е низа од битови, октети, линија или запис чие значење го одредува оној кој ја запишува датотеката или корисникот.

¨     Атрибути на датотеките


На датотеките им се доделува име, заради прикладноста на употребата, па и се пристапува со помош на името. Кога на датотеката ќе и се додели име таа станува независна од процесот, корисникот па дури од системот кај ја направил. Некоја датотека која е направена од еден корисник , додека истата може да биде читана и менувана од други корисници. Оваа датотека дури и со помош на мрежа или преносни надворешни мемории да биде пренесена на друг систем и таму да биде обработувана.

Датотеките добиваат определени атрибути кои не мора да ги имаат сите системи, а тоа се:
o       Име. Симболичкото име на датотеката е единствената информација за датотеката кое се меморира во облик пристапен за корисникот.
o       Тип. Оваа информација е потребна на системите кои подржуваат различни типови на датотеки.
o       Локација. Покажувач на уредот и местото на уредот каде датотеката е зачувана.
o       Големина. Моменталната големина на датотеката вообичаено изразена во октети, зборови, или блокови. Може да содржи и информација за мксимално дозволената големина на датотеката.
o       Заштита. Информации за правата за пристап на датотеките, односно за правата кои може да ја менува, чита, извршува датотеката.
o       Време, датум и идентификација на корисникот. Овие информации може да се запишат за време на пишувањето на датотеката, последната промене или последното користење на датотеката. Корисни се за заштита, сигурносно пратење на користење на датотеката.

Сите информации за датотеката се запишани во структура на директориум кој е исто така запишан во секундарната меморија.



малку вежби за датотеки

No comments:

Post a Comment