17.3.20

code blocks за  да инсталирате дома

Наредби за повторување користете го линков или

1.  Структура за повторување на циклус до исполнување на услов


Наједноставниот од сите циклуси е while циклусот. Во овој циклус прво се проверува дали некој услов е исполнет. Ако условот е исполнет, циклусот се повторува, ако условот не е исполнет тогаш не се влегува во циклусот. 
Главен дел: Основна форма на while циклусот :

while (uslov)
{
blok_od_iskazi;
}
iskaz_po_ciklusot;
-                      Условот во циклусот може да биде споредбен или логички израз кој може да добие вредност точно (true, 1) или неточно (false, 0). 
-                      Блокот  од  искази  во  циклусот  се  повторува  сѐ  додека условот е исполнет. Бидејќи условот се проверува на почетокот може да се случи телото на циклусот да не се изврши ниту еднаш.
-                      Кога условот нема да биде исполнет, блокот од искази во циклусот се прескокнува и програмата ќе продолжи со извршување на првата наредба по телото на циклусот.
-                      Структурата while мора да биде напишана така што во конечен број на повторувања логичкиот израз ќе добие вредност неточно. Така се обезбедува да се излезе од циклусот по конечен број на повторувања. Во спротивно циклусот би се повторувал бесконечно. По изразот while (uslov) не се става точка и запирка

2.  Структура за повторување do - while


Структурата do – while  се користи кога се извршуваат одредени наредби се додека е исполнет условот. Наредбите се извршуваат барем еднаш.

Во структурите за повторување кај кои бројот на повторувања на исказите од циклусот зависи од некој услов, условот може да се испита и на крајот на циклусот. Во овој случај, во програмскиот јазик C++ се користи do-while структура. Оваа структура поретко се користи од структурата while. Основна форма на do-while циклусот е:

do
{
blok_od_iskazi;
}
while (uslov);

Со структурата do-while условот се проверува на крајот од циклусот. Ако условот е исполнет, блокот на искази во циклусот ќе се повтори, а ако условот не е исполнет програмата ќе продолжи со следната наредба по циклусот.  
Структурата do-while мора да биде напишана така што во конечен број на повторувања логичкиот израз ќе добие вредност неточно. Така обезбедува да се излезе од циклусот по конечен број на повторувања. Во спротивно циклусот би се повторувал бесконечно.
Не заборавај по циклусот do- while да ставиш точка и запирка по условот.
Кај do-while циклусот, блокот на искази од циклусот ќе се изврши барем еднаш независно дали условот е исполнет или не. Зошто?  
Блок од искази кои го сочинуваат циклусот, исто така, се ставени во големи загради. Тоа се исти искази како во while циклусот.  
На почетокот на програмата, пред циклусот, од корисникот се бара да внесе број од кој ќе започне броењето. 
Ако корисникот внесе број 5 циклусот ќе се повтори точно 5 пати. Во секое повторување програмата го испишува бројот на екранот, потоа тој број го намалува за еден и повторно го проверува условот (n>0).  Циклусот ќе се повторува сѐ додека бројот е поголем од 0. Кога бројот ќе добие вредност 0 изразот broj>0 ќе има вредност невистина (false, 0) и програмата ќе продолжи со извршување на прва наредба по телото на циклусот. Која е тоа наредба?
Што ќе се случи ако корисникот внесе 0 или негативен број? Независно од тоа кој број е внесен, блокот од искази во циклусот ќе се изврши, затоа што прво се влегува во циклусот, а условот се проверува на крајот од циклусот. Ова е основната разлика помеѓу while и do-while структурата.
Ако бројот во секое повторување не се намалува за 1 тогаш логичкиот израз даден во условот (n>0) секогаш ќе биде точен (true, 1) и циклусот ќе се повторува бесконечен  број  пати,  односно  додека  програмата  не  ја  истроши  работната меморија со која располага.  

         3.                   Структура за повторување for

Општа форма на for циклусот е:
        for (pocetna_vrednost; uslov; promena)
     { 
      blok_na_iskazi; 
     }
Секој for циклус има своја контролна променлива на која вредноста ѝ се менува со секое извршување на циклусот што е одредено со вредноста на прирастот (оваа вредност може да биде и негативна). Условот мора да биде логички израз кој може да добие вредност точно (true, 1) или неточно (false, 0). Блокот од искази кој се наоѓа во циклусот се извршува додека вредноста на условот е вистина. Кога условот ќе добие вредност невистина, циклусот се прекинува.
По  изразот  for  нема  точка  и  запирка  (;),  како  ниту  по  третиот  израз  внатре  во заградите.
C++ дозволува контролната променлива да се декларира во самиот for исказ.
 На пример, 
 for (int i = 1; i <= n; i++)
                              cout<<i;                                
е исто што и:
              int i;
               for (i = 1; i <= n; i++)
            cout<<i; 

No comments:

Post a Comment