6.12.14

 Медиумски ден за средношколците
Размислувај критички, делувај етички: Во и надвор од училница
Медиумите – интернетот, музиката, телевизијата, филмовите, видео игрите, стрипот - се дел од животот којшто го уживаме сите. Популарната култура влијае при креирањето на нашиот животен стил, ставови и, генерално, на личниот и социјалниот развој. Меѓутоа, ја препознаваш ли секогаш границата меѓу реалноста и фантазијата? Правиш ли разлика меѓу моделите, насилството и хероите во медиумите и во вистинскиот живот? Дали си пасивен потрошувач или ангажиран корисник на медиумите?
Приклучи се на Медиумскиот ден за средношколци и деконструирај ги медиумите. Првпат во Македонија, на 12-ти декември (петок), Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ќе ти овозможи за еден ден да бидеш дел од процесот на продукција во мејнстрим медиумите. Медиумскиот ден ќе ти помогне критички да ги анализираш медиумските содржини и да ги разбираш пораките на сигурен и етички начин. Со директно учество во медиумската продукција, покажи дека средношколците имаат свој став и се општествено одговорни.
Пријави се до 8-ми декември (понеделник) на medium@medium.edu.mk. Остави го твоето име и презиме и контакт податоци.

No comments:

Post a Comment